Украина очекува поголеми испораки на ракети „Патриот“ од САД во 2027 година за зајакнување на своите одбранбени капацитети и развој на противбалистички системи.
САД во 2027 година ќе го зголемат производството на ракети за системот „Патриот“, а Украина очекува поголеми испораки на проектили за пресретнување на балистички закани, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ќе ни бидат потребни и ако војната, да даде Господ, заврши, бидејќи сметаме на овие системи за заштита на нашата држава“, рече Зеленски.
Тој најави и средби во Норвешка и Канада за зајакнување на украинските одбранбени капацитети, како и важни разговори за развој на украински противбалистички систем.








