Сончево и топло денес, температурите до 35 степени – од среда дожд и грмежи

Макфакс

07/09/2026

07:40

130

Големина на фонт

а а а

Преглед на временската прогноза со сончево и топло време денес и утре, а од среда се очекуваат дожд и грмежи поради нестабилни услови.

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Денес и во вторник времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот. Од среда следува период на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.