Котевска по Еми наградите: Дома ќе донесеме незаборавно искуство, нова видливост за македонскиот филм

Макфакс

06/09/2026

17:56

193

Големина на фонт

а а а

Оваа година „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, беше единствениот филм од неамериканска продукција меѓу номинираните во своите категории, и тоа со две номинации за Emmy Awards, Exceptional Merit in Documentary Filmmaking и Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program.

Во двете категории „Приказната за Силјан“ се најде во директна конкуренција со американски продукции. Особено силна беше номинацијата за Exceptional Merit in Documentary Filmmaking, каде „Силјан“ беше еден од само два номинирани филма, додека во категоријата Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program се најде меѓу петте избрани остварувања. Наградите во двете категории им припаднаа на американски продукции.



Овој успех има уште поголема тежина затоа што доаѓа од мала земја и мала филмска индустрија, која не располага со буџетите и продукциските услови на најголемите светски кинематографии.



Токму затоа фактот што еден македонски филм стигна до две номинации за Еми е силно признание за македонската кинематографија.



Од македонските села и пејзажи, преку светските фестивали и National Geographic, до црвениот тепих во Лос Анџелес, „Приказната за Силјан“ покажа дека една локална приказна може да стигне до светска публика.

 


„Тоа што ќе го донесеме дома од Еми наградите е едно незаборавно искуство од еден од најголемите светски настани по Оскарите, меѓународно признание, нова видливост за македонскиот филм и доказ дека границите на една мала земја не мора да бидат и граници на нејзините приказни“, изјави Тамара Котевска.