Уапсен маж од Романија возел со 163 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 80 км/ч

Макфакс

05/09/2026

11:30

118

Големина на фонт

а а а

Маж од Романија е уапсен откако бил фатен да вози со 163 км/ч на автопат каде максималната дозволена брзина е 80 км/ч. Делото е квалификувано како безобѕирно управување со моторно возило и против него ќе следи кривична пријава.

Вчера во 11:20 часот, на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 49-годишниот Х.В.С. од Романија, откако при проверка на патничко возило „ауди“ со романски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Имено на 04.09.2026 во 06:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, Х.В.С. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.