Крајот на преодниот рок дава можност за детална анализа на потезите кои ги влечеа клубовите, посебно тие од Премиер лигата каде традиционално се трошат и најмногу пари за засилувања.
Манчестер Сити сезонава не е прв фаворит за титулата, а новиот менаџер Енцо Мареска се соочува и со многу промени во составот, бидејќи клубот продаде сериозен број играчи, додека истовремено реинвестираше во нови имиња.
Но, медиумите имаат една забелешка за трансфер политиката на Сити, а која е истакната пред се поради фактот што клубот потроши над 500 милиони евра за засилувањата.
Сити доведе играчи на повеќе позиции, но ниту еден во нападот, односно како поддршка за Ерлинг Халанд.
Поранешниот шампион сега нема класичен бекап за позицијата „деветка“ и медиумите го отворија прашањето што ќе прави Мареска ако Халанд заработи повреда.
Омар Мармуш замина во Тотенхем, па единственото логично решение е Сити во ваква ситуација да импровизира со Семењо, Ендиаје и Алан, кои природно се крилни напаѓачи.








