[ВИДЕО] „Излегува тигар и оди право кон мене и автомобилот“: Путин сподели искуство од блиска средба во шумата

Точка

03/09/2026

14:50

767

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека додека се возел низ шума, наишол на тигар кој не сакал да се тргне од патот пред автомобилот во кој се наоѓал.

Путин, за време на обраќањето на пленарната седница на Источниот економски форум во Владивосток, го нарекол тигарот „господар на тајгата“.

„Знаете, не можам а да не го споделам ова со вас. Се возевме со автомобил низ шумата, кога одеднаш излезе тигар и тргна право пред автомобилот. Мавташе со опашката и никако не сакаше да се тргне. Господар на тајгата. Беше многу интересно да се види сето богатство на овие краишта“, изјавил Путин.

Источниот економски форум се одржува од 1 до 4 септември во Владивосток, на југоистокот на Русија, кој е најголемото руско пристаниште на Тихиот Океан. На знамето и грбот на градот е прикажан амурскиот, односно сибирскиот тигар, кој е симбол на тој регион.

Потсетуваме, Путин за својот 56. роденден добил на подарок младенче тигар, старо два и пол месеци, по име Маша, кое денес живее во зоолошката градина во Гелендик.