Во сабота авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Макфакс

02/09/2026

12:10

201

Големина на фонт

а а а

Градот Скопје ќе спроведе авионска дезинсекција против комарци на 5 септември, со цел да ги намали нивните ларви. Акцијата ќе биде одложена доколку временските услови не дозволуваат, а пчеларите се предупредуваат да ги заштитат пчелите.

Градот Скопје известува дека на 05 септември (сабота), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.