Акциска контрола на Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро, пронајдени повеќе рибарски мрежи и поголема количина уловена риба

Макфакс

02/09/2026

10:20

92

Големина на фонт

а а а

Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро спроведе акциска контрола и пронајде повеќе нелегални рибарски мрежи и голема количина уловена риба, што укажува на продолжување на борбата против незаконит риболов и заштита на рибниот фонд во езерото.

Вчера, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“, како и пронаоѓање рибарски мрежи и друг риболовен алат и прибор.

Притоа, на потегот помеѓу струшките села Калишта и Радожда пронајдени се дваесет т.н. висечки рибарски мрежи, кои се најстрого забранети за вршење лов на риба, во вкупна должина од околу 4.000 метри со улов од 872 парчиња риба – Охридска Белвица и вкупна тежина од 116,9 килограми. По насоки на јавен обвинител, полициските службеници од езерската полиција и од Регионален центар за гранични работи Запад од езерото ги подигнаа рибарските мрежи заедно со уловот, по што е известен надлежниот инспекторат за рибарство.

Во наредниот период, Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ќе продолжи со спроведување на засилени акциски контроли со цел сузбивање на незаконитиот риболов, како и пронаоѓање на лица сторители на ова кривично дело и заштита на рибниот фонд на Охридското езеро, извести МВР.