Кинескиот премиер Ли Џијанг ги покани американските компании да го искористат пазарот во Кина, истакнувајќи ја важноста на меѓусебното разбирање и зајакнување на комуникацијата помеѓу двете земји за подобрување на економската соработка.
Американските компании се поканети да ги искористат можностите во Кина и да го прошират и зајакнат своето присуство на кинескиот пазар, изјави денес кинескиот премиер Ли Џијанг за време на состанокот со делегацијата на Американско-кинескиот деловен совет во Пекинг.
Ли Џијанг посочи дека Кина е подготвена активно да одговори на легитимните загрижености на компаниите што започнуваат бизнис во земјата и рече дека се надева дека Вашингтон, пак, ќе преземе конкретни чекори за ублажување на кинеските стравови.
Со оглед на обемот на економската и трговската соработка меѓу Кина и САД, „нормално е да се појават некои разлики и несогласувања“, рече Ли.
„Доколку двете страни се почитуваат и разбираат меѓусебно и ја зајакнуваат комуникацијата и консултациите, секогаш може да се најдат решенија“, нагласи кинескиот премиер.








