Сонце и температури до 38 степени, но и пороен дожд и грмежи – УХМР со прогноза за новата седмица

Макфакс

30/08/2026

20:00

137

Големина на фонт

а а а

Од почетокот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло со мали до умерени облачности, но се очекуваат и услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во среда и четврток.

Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, која ќе биде поизразена во среда и четврток, соопшти УХМР.

Утре времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 38 степени.