Армиски хеликоптер три часа гаснеше пожар на Пелистер, истурени 28 тони вода

Макфакс

30/08/2026

14:48

111

Големина на фонт

а а а

Воздухопловниот ВИНГ од Армијата беше ангажиран на гаснење на шумски пожар на Пелистер, со хеликоптер Ми-8МТ кој истурил 28 тони вода во текот на тричасовна операција.

Воздухопловниот ВИНГ на Армијата денеска беше ангажиран во гаснењето на шумскиот пожар во месноста Макази, на падините на Националниот парк „Пелистер“, во реонот на Општина Ресен.

Како што информираат од Армијата , хеликоптер Ми-8МТ реализирал тричасовен налет, при што биле исфрлени 14 противпожарни ведра, односно вкупно 28 тони вода врз активните жаришта.

Гаснењето од воздух се одвивало со истовремена поддршка од земја, во координација со екипите кои се ангажирани на терен.

Од Армијата информираат дека Воздухопловниот ВИНГ останува во целосна оперативна подготвеност за понатамошна воздушна поддршка, согласно состојбата и потребите на теренот.