ЈП Водовод и канализација најавува прекин на водоснабдувањето утре за корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски, поради изведување на водоводен приклучок.
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре, на ден 27.08.2026 година без водоснабдување ќе бидат корисниците:
– Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на ул. Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.








