[ВИДЕО] Опасен пожар кај Градско: Ќе следи долга битка

Макфакс

25/08/2026

14:20

144

Големина на фонт

а а а

Во близина на Градско избувна голем пожар кој се прошири и го загрози ситуацијата. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување најави долга борба со огнот и интервенирање со различни противпожарни возила и хеликоптер.

Голем пожар избувна некаде околу пладне меѓу селата Горно и Долно Чичево, Општина Градско.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, од местото информира дека пожарот се проширил и најави дека ќе следи долга битка со огнот.

„За жал ја изгубивме почетната конотрола. Се работи за сува трева која зафаќа голема површина. Пожарникарите останаа без вода, овде ќе следи долготрајна битка“, рече Ангелов.

Тој најави дека во помош ќе стигнат и „ер тракторите“ на ДЗС, хеликоптер на МВР, како и четирите возила „пинцгауер“.