Чеферин: Инфантино заборави една многу важна работа

Дерби

24/08/2026

13:15

170

Големина на фонт

а а а

УЕФА почна отворена војна против ФИФА откако најважното фудбалско тело во светот достави предлог да биде продаден брендот наречен „Светско првенство“, а откако оваа идеја брзо беше „удавена“ и повлечена поради жестоките реакции кои се јавија во јавноста од голем број Федерации, од Европското тело се уверени дека борбата не смее да заврши тука.

Федерацијата со која претседава Александер Чеферин доби угледни сојузници во борбата да се смени Џани Инфантино и целта на повеќе звучни Федерации и Конфедерации е да се тргне Швајцарецот од најважната позиција во светскиот фудбал, нешто што ќе биде доста тешко и покрај притисоците да се направи такво нешто во брз временски рок.

Чеферин е оној кој е најгласен во протестите против работата на Инфантино, а својот став сега го пренесе и преку гостувањето кое го имаше во подкастот „Rest in politics“.

– Идејата која ја достави ФИФА беше полоша и од онаа за Суперлигата. Суперлигата беше натпреварување кое можеше да го уништи фудбалот, но ова беше полошо. Фудбалот ќе беше продаден. Апсолутно сум сигурен дека тој план е мртов и никогаш нема да оживее. Тешко ми е да замислам дека постојат луѓе кои се подготвени да го продадат спортот кој ни припаѓа на сите нам. Не дозволивме да се случи такво нешто и нема ни да дозволиме во иднина.

– Не сум имал контакт со Инфантино откога се појавија информациите за тој проект. Во ФИФА продолжуваат со своите игри, се обидуваат да убедат дека УЕФА е арогантна и ќе одат на приказната дека тие секогаш им помагаат на помалите и посиромашните. Ужива да зборува за Федерациите од другите краеви на светот, но тој заборави една важна работа. Тој е Европеец и доби главна поддршка од УЕФА за да претседава со ФИФА, – нагласува Чеферин.