Белешките на Ганди продадени за 1,7 милиони долари: „Покажуваат како живеел“

Точка

22/08/2026

15:05

342

Големина на фонт

а а а

Збирка белешки на починатиот водач на индиското ненасилно движење за независност, Махатма Ганди, вчера беше продадена за 1,7 милиони долари на аукција во Мумбај, објави германската агенција „dpa“. Ниту еден индиски историски документ досега не постигнал толку висока цена на аукција, соопшти аукциската куќа „Saffronart“.

Ганди, роден во 1869 година, успешно го предводеше ненасилното движење за независност на Индија од британската колонијална власт. Од аукциската куќа наведуваат дека белешките потекнуваат од колекцијата на семејството на Ананд Т. Хингорани, близок соработник на Ганди. Збирката се состои од „белешки за моралното расудување и личното насочување“, кои Ганди му ги пишувал на Хингорани во период од речиси две години.

„Овие размислувања нудат редок увид во тоа како Ганди живеел во согласност со принципите што јавно ги застапувал, што ја прави оваа збирка особено вреден запис за неговите мисли и постапки“, изјави коосновачот на „Saffronart“, Динеш Вазирани.


Продадени се и ракописи, писма … 

Хингорани првпат се сретнал со Ганди во 1930 година. Тој учествувал во таканаречениот Марш на солта, со кој Ганди и илјадници негови приврзаници се обиделе по мирен пат да го разбијат британскиот монопол врз производството на сол.

Ганди прогласил крај на отпорот кон крајот на Втората светска војна, кога британската влада ветила дека ќе ѝ даде независност на Индија.

На аукцијата одржана завчера биле продадени и ракописи на Ганди, две негови писма, како и фотографии и лични предмети од колекцијата на Хингорани.