[ФОТО] Викторија тешко ќе го прифати ова: Бруклин го отстрани и последниот спомен од неа

Точка

20/08/2026

20:02

641

Големина на фонт

а а а

Бруклин Бекам, најстариот син на британскиот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, целосно ја прекрил тетоважата „мамино момче“ („mama’s boy“), која во 2017 година ѝ ја посветил на својата мајка, во екот на долготрајниот конфликт со семејството.

Бекам (27) сега врз тој натпис има голема цветна тетоважа, инспирирана од букетот што неговата сопруга Никола Пелц го носела на нивната венчавка во 2022 година.

Тој и претходно почнал да ја прекрива тетоважата, но сега натписот посветен на Викторија целосно исчезнал, пренесе британскиот портал „Метро“.


Бруклин ја покажал новата тетоважа на фотографија што ја објавил по трчање, а британските медиуми го толкуваат овој потег како уште еден јавен знак за неговото оддалечување од родителите.


На неговото тело веќе има повеќе тетоважи посветени на Никола, вклучувајќи го нејзиниот портрет, приказ на нејзините очи, нејзиното име и нивните брачни завети.

Истовремено, се чини дека ги преправил и некои од претходните тетоважи посветени на неговиот татко Дејвид. Големото сидро со натпис „тато“ („Dad“), како и бројот „1975“, кој се однесувал на годината на раѓање на поранешниот фудбалер, повеќе не се видливи во нивната првобитна форма.

Конфликтот меѓу Бруклин и неговото семејство се поврзува со неговиот однос со Никола Пелц, а особено со случувањата околу нивната венчавка во 2022 година. Бруклин и Никола оттогаш сè повеќе се оддалечуваат од останатите членови на семејството Бекам.

Бруклин претходно објасни дека го презел презимето Пелц-Бекам за да му оддаде почит на семејството на својата сопруга и изјави дека би сакал нивните идни деца да го носат истото двојно презиме.