Македонски диџеи и светски познатиот Burak Yeter на електронскиот фестивал Скопје се Лади

Макфакс

20/08/2026

11:10

141

Големина на фонт

а а а

Второто издание на електронскиот фестивал „Скопје се Лади“ ќе се одржи на 5 септември со настапи на македонски диџеи и светски познатиот турски продуцент Burak Yeter. Фестивалот ветува музичка журка со врвна продукција и енергија.

Домашни диџеи ќе го отворат второто издание на електронскиот музички фестивал „Скопје се Лади“ кој на 5 септември ќе го претвори Стадионот на АРМ во вистинска музичка оаза.

Потоа, на сцената ќе настапи светски познатиот турски DJ и продуцент Burak Yeter, еден од највлијателните имиња на глобалната електронска денс сцена. Авторот на мегахитовите „Tuesday“ и „My Life Is Going On“(главната тема од серијата „Money Heist“) ќе донесе незаборавен музички спектакл кој ќе го одбележи летото.

Неговите хитови се слушани од милиони луѓе ширум светот, а концертите му се познати по неверојатната енергија и врвна продукција. Burak Yeter стана и првиот DJ кој одржал настап во стратосферата, што зборува за неговата необична иновативност и креативност.

Покрај него, фестивалот ќе биде збогатен со македонски артисти кои ќе го одржуваат ритамот и енергијата до крајот на вечерта – Boogieman со препознатливиот енергичен звук, Anastas, еден од водечките диџеи на македонската електронска сцена, Marga Sol, меѓународно призната диџејка и продуцентка, со настапи на Ибица, Санторини и Миконос и DJ Aya, која ќе ги држи посетителите во ритам цела вечер.

Организаторите најавуваат дека публиката може да очекува повеќе од пет часа врвна музика, спектакуларна светлосна и сценска продукција. Билетите се веќе во продажба.