Меган и Хари се враќаат во Британија – ова е причината, тврдат инсајдери: Реакцијата на Вилијам е најсурова

Точка

20/08/2026

10:34

506

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари прилично ја изненадија светската јавност со одлуката до крајот на овој месец да се вратат во Велика Британија со своите деца Лилибет Дајана и Арчи Харисон. Сите очи сега се вперени и во кралот Чарлс и принцот Вилијам, кои последните шест години, од Мегзит, беа изложени на различни критики упатени на нивна сметка од војвотката и војводата од Сасекс. Монархот во јули се сретна со својот помлад син и снаата, а пред четири дена дознал за големиот пресврт.

Принцот Хари и Меган Маркл се враќаат во Велика Британија за да бидат поблиску до кралот Чарлс и за да им овозможат на своите деца да изградат односи со семејството на нивниот татко, рекле извори за „Page Six“.


„Не знам уште колку долго ќе живее мојот татко“

Сепак, ладниот однос меѓу принцот Вилијам и Хари и понатаму трае, бидејќи престолонаследникот одбива да разговара со својот помлад брат, се дознава.

Војводата и војвотката од Сасекс направиле планови да ја напуштат Калифорнија порано овој месец, неколку недели по нивната повторна средба со Чарлс во јули. Одлуката на Меган Маркл и принцот Хари предизвика голем одек.


Додека минатиот мај зборувал за нарушениот однос со својот татко, Хари (41) признал за BBC: „Не знам уште колку долго ќе живее мојот татко“.

Чарлс (77) боледува од рак од 2024 година, а во декември 2025 година беше објавено дека ќе премине во превентивна фаза на лекување. Кралот во јуни ги видел внуците Лилибет и Арчи по четири години.

Арчи и Лилибет нема да ги гледаат децата на Кејт Мидлтон и Вилијам?

Кралот Чарлс е важна причина за враќањето, но не и единствената. Меган и Хари сакаат нивните деца, принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5), кои ќе посетуваат училиште во Велика Британија, да изградат односи со своите роднини.

„Имаат толку многу пријатели и членови на семејството во Велика Британија со кои останале многу блиски“, напоменал инсајдерот за Меган Маркл и Хари.


Сепак, постои мала или никаква шанса Арчи и Лилибет да почнат да ги гледаат своите роднини, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, децата на Кејт Мидлтон и британскиот престолонаследник. Прашањето дали Хари и Вилијам ќе се помират веднаш се наметнало по сознанието за големиот пресврт.

Но, војвотката и војводата од Сасекс, кои многупати јавно ги критикуваа кралот Чарлс, кралицата Камила, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, се многу блиски со првата братучетка на Хари, принцезата Евгенија, и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк, кои имаат три деца и повремено живеат во Лисабон, каде што и Хари и Маркл имаат куќа за одмор. Евгенија неодамна ја роди ќерка Аделаида.

Принцот и неговата сопруга, кои избрале куќа во Британија на тајна локација, нема да ја продадат својата куќа во Монтесито, Калифорнија, вредна 14,5 милиони долари. Планираат да останат подолг период во Британија, но не и трајно.


Иако Хари долго време водеше битка против британското Министерство за внатрешни работи за да добие обезбедување какво што им се обезбедува на постарите членови на кралското семејство, не е познато кои одредби ќе се применуваат за безбедноста на неговото семејство по доаѓањето во неговата татковина.

Кога во јули ја посети Англија со сопругата и децата, не им било обезбедено засилено обезбедување, што го спречило да ги поведе со себе од почетокот на патувањето.


Наместо тоа, тројцата допатувале од Португалија, по што следувала средба со Чарлс и кралицата Камила во монарховата селска куќа Хајгроув.

Безбедноста и понатаму е од најголема важност за Хари, кој минатата година за „BBC“ изјави: „Не можам да замислам свет во кој во овој момент би ги вратил сопругата и децата во Велика Британија“.

Во моментов чека владината комисија Равек да ја преиспита нивната безбедност.