Гордон промаши пенал, Барселона го совлада Ал Ахли за трофејот „Гампер“

Дерби

20/08/2026

09:31

195

Големина на фонт

а а а

Барселона официјално го заокружи подготвителниот период со дуелот против Ал Ахли за трофејот „Жоан Гампер“, а тоа беше одлична можност и за официјална промоција на Родри пред фановите на актуелниот шпански шампион.

Избраниците на Ханси Флик го совладаа египетскиот ривал со 2:1, а головите ги постигнаа Абделкарим Хамза и Рафиња од пенал, уште во првото полувреме.

Гостите намалија во продолжението, а Гордон испушти шанса да стави точка на неизвесноста во последната минута од регуларниот дел.

Засилувањето од Њукасл не реализираше пенал, но Барса до крајот ја задржа предноста и го освои традиционалниот трофеј.