Малолетничка нападната од женско лице на подрачјето на Карпош

Макфакс

19/08/2026

14:50

143

Големина на фонт

а а а

Вчера во Скопје жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друго женско лице на подрачјето на Карпош, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, 54-годишната М.М. од Скопје пријавила дека на 17.08.2026 околу 21:30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од женско лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.