Пожар на кровна конструкција на две споени куќи во Козле: Нема повредени

Макфакс

19/08/2026

14:50

172

Големина на фонт

а а а

Во Скопје изби пожар на кровната конструкција на две споени куќи во населбата Козле, но нема повредени лица. Екипите за противпожарна заштита веднаш интервенираа и го изгаснаа огнот.

Вчера во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција на две споени куќи, сопственост на Г.К.(52) и 80-годишната Л.Ц.Т., двајцата од Скопје.

Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.