Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе, велат од СДСМ

Макфакс

19/08/2026

08:50

201

Големина на фонт

а а а

Мицкоски и ВМРО-ОКГ организирале прослава во Гостивар, градот каде што над 5.000 граѓани беа отруени, што предизвика реакција од СДСМ. Партијата ја критикуваат одлуката за славење во време на епидемијата и посочуваат на неодговорниот однос на властите кон граѓаните.

Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар. Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени, реагираат од СДСМ.

„Што славеа? Труењето? 22 дена вода со фекалии? Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата“, прашуваат од партијата.

Според нив, Мицкоски нема ниту трошка морал и е како што велат, без срам.

„Мицкоски рече дека Гостивар нема да биде заборавен.

А сите заминаа на одмор – во средина на труењето и епидемијата. Но „научно-образовната“ екскурзија не можеше да чека.

Тоа е односот на оваа власт кон граѓаните.

Слават таму каде што луѓето лежеа по болници. Се сликаат таму каде што кријат анализи.

Ветија дека нема да заборават – па заборавија штом се отвори патниот аранжман.

Гостивар нема да биде заборавен пред избори – тоа го вели Мицкоски. Гостивар не заборава. Граѓаните не забораваат“.