Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека новата детска градинка во Инџиково ќе биде отворена кон крајот на септември, со капацитет од 48 деца и средства обезбедени од Министерството за социјална политика.
Наскоро градинката во Инџиково ќе ги отвори вратите за децата, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Денес направив увид на градежните работи за изградба на новата детска градинка која се гради во Инџиково. Во моментов на терен се реализираат активности за партерно уредување на дворот по што ќе следува и поставување на опремата и согласно динамиката очекувам кон крајот на септември да ја пуштиме во употреба и оваа нова детска градинка“, објави Стефковски.
Вредноста на договорот за изградба на оваа градинка изнесува 47.500.000 денари – средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Капацитетот е за 48 деца од кои 36 деца на возраст од 2–6 години и 12 деца во јасли.
Греењето е решено со топлотни пумпи, а површина на објектот е 490 метри квадратни.








