Времето следните денови ќе биде сончево и топло, со временски услови за локална нестабилност и појава на пороен дожд и грмежи. Очекувани се високи температури кои од четврток ќе надминат 40 степени.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Утре претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени.








