Несреќа кај Ласкарци: Удрил во ограда и излетал од патот, тројца млади тешко повредени

Макфакс

17/08/2026

16:20

158

Големина на фонт

а а а

Во близина на Ласкарци на патот помеѓу Скопје и Тетово се случила сериозна сообраќајна несреќа кога автомобил излетал од патот и удрил во ограда, при што тројца млади лица се здобиле со тешки повреди.

Четири лица, од кои тројца потешко, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци.

Несреќата се случила околу 21:45 часот кога автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Е.К.(20), сите од село Палатица, констатирани во Ургенетен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.