Микел Артета се уште го нема оформено комплетниот тим за новата сезона и очекува уште некое засилување до крајот на месец септември, па иако изминатава недела сите зборуваа за Бруно Гимараеш кој веќе притигна во Северен Лондон, ѕвезда број еден во овие летни подготовки е Христос Цолис.
Крилниот напаѓач кој пристигна од Клуб Бриж извонредно добро се адаптираше во новата средина и воодушеви на натпреварите од подготвителниот период, нешто со што продолжи и на првиот официјален меч.
Комјунити Шилд финалето му припадна на Арсенал кој го победи Манчестер Сити со 3:0, а по освоената титула во англискиот Суперкуп, Артета не штедеше комплименти за своето најплодно засилување кое забележа две асистенции на вчерашниот меч.
– Цолис се прилагоди на тимот многу брзо и природно, а највпечатлива кај него е една работа. Додека другите имаат тенденција да брзаат и да донесуваат погрешни одлуки, тој го прави спротивното. Тој е смирен и секогаш носи вистински одлуки.
– Тој е многу паметен играч, многу е прецизен со секој потег кој го прави и многу е опасен на мал простор. Двапати донесе вистинска одлука, пронајде соиграч во вистинско време и двапати постигнавме гол, – изјави Артета, кој се задоволен и од целокупното издание на Арсенал во раната фаза од месец август.
– Навистина сум задоволен во какво светло се прикажавме на самиот старт на сезоната. Беше уживање да се гледа вака добро одигран натпревар од почеток до самиот крај, – заврши Микел.








