Сончево време со мала до умерена локална облачност

Макфакс

16/08/2026

08:21

175

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени.

Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.