[ФОТО] Бриџит Фонда снимена повеќе од две децении откако се повлече од Холивуд: Ужива во животот далеку од рефлекторите

Точка

15/08/2026

17:19

837

Големина на фонт

а а а

Поранешната американска актерка Бриџит Фонда е снимена додека заминувала на ручек во Лос Анџелес, во едно од ретките јавни појавувања по повеќедецениското повлекување од Холивуд.

Папараците ја фотографирале додека излегувала од ресторан во друштво на асистентката. Фонда многу ретко се појавува во јавноста откако пред повеќе од две децении го напушти Холивуд. Нејзините нови фотографии го привлекоа вниманието на обожавателите.

„Дама која ужива во нормален живот“, „Толку е убаво да се види некој од Холивуд кој не е зависен од пластични операции“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.


Таа со текот на годините во јавноста се појавуваше само повремено, а меѓу позабележителните појавувања беше она во мај 2025 година, кога со сопругот Дени Елфман беше видена по враќањето во Лос Анџелес по патување. Тоа беше првпат да бидат фотографирани заедно по 16 години.


Бриџит Фонда и поранешниот фронтмен на групата „Oingo Boingo“ се венчаа во 2003 година. Следната година објавија дека го очекуваат своето дете, а на почетокот на 2005 година го добија синот Оливер.


Актерката потоа се повлече од јавноста за да се посвети на неговото воспитување. Во интервјуто што го даде во 2023 година, Фонда порача дека нема да се враќа на актерството бидејќи „премногу е убаво да се биде обичен граѓанин“.