Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште Крупе Кепески во Кисела Вода

Макфакс

15/08/2026

11:40

115

Големина на фонт

а а а

Во населбата Припор во Кисела Вода е отворена нова спортска сала во основното училиште Круме Кепески, со инвестирани околу 20 милиони денари и поддршка од локалната и државната власт.

Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди.

– За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што го реализираме во соработка со Владата и со Министерството за образование и наука, изјави градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменковска.

Во изминатите две години, како што кажа министерката за образование и наука Весна Јаневска, вложени се околу 90 милиони евра во огромен број на проекти. Само во Кисела Вода покрај оваа сала, ќе се гради сала и во училиштето „Кузман Јосифовски – Питу“ и ќе се реконструираат салите во Круме Кепевски и во Кузман Шапкарец.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој исто така беше на отворањето на спортската сала, изјави дека повеќе од 1.200 проекти се реализираат на ниво на држава.