Најзгодниот актер на 39 години дознал дека му се заканува тешка болест: По веста го променил животот од корен, а еве од што денес најмногу се плаши

Точка

13/08/2026

19:50

1.044

Големина на фонт

а а а

Пред извесно време, еден од најдобрите холивудски фраери го загрижи светот. Крис Хемсворт открил дека мора да го намали бројот на работни часови, но и да ги промени животните навики доколку не сака да се соочи со сериозен здравствен проблем, а тоа е, ни помалку ни повеќе, Алцхајмерова болест. Свесен дека подобро е да се спречи отколку да се лекува, презел низа превентивни мерки кои во меѓувреме го вратија во родната Австралија, каде што ја користи секоја можност да ужива со семејството.

Згодниот актер, кој се прослави со улогата на нордиското божество Тор, дознал дека поради генетска предиспозиција има осум до десет пати поголема опасност да заболи од Алцхајмерова болест. Крис Хемсворт (43) ја добил дијагнозата за време на снимањето на серијата „Limitless“, во која ги поместувал не само границите на човечката издржливост, туку и сопствените.


Анализата на крвта покажала дека носи две копии од генот APOE4, кој значително го зголемува ризикот од дегенеративно заболување на мозокот. Иако лекарите му предложиле да заборави на слободното искачување по облакодери, нуркањето во ледена вода и другите адреналински предизвици кон кои бил склон, Крис само за момент повлекол рачна, бидејќи по првичниот шок сфатил дека, со строга контрола и умереност, сепак не мора целосно да се откаже од нив.

Сепак, забележавме дека акционите сцени се многу поретки, како и појавувањата на црвениот тепих. Тоа е затоа што одлучил да се повлече од гужвата во Лос Анџелес и со семејството – шпанската актерка Елса Патаки и трите деца – да се врати во Австралија. Нивната база веќе долго време е идиличниот Бајрон Беј, во Нов Јужен Велс. До другата страна на Пацификот оди само ако има работа во холивудските студија.


Пред две години атрактивниот актер започнал превентивна терапија. Станува збор за револуционерни третмани со матични клетки кај доктор Кан, светски лидер во областа на регенеративната медицина. Поради тоа, моќниот Тор дури летово започнал со работа на третото продолжение на акцискиот хит „Extraction“, но – сега повеќе се грижи за себе. Нема заморување, нема исцрпувачки и напорни задачи.

Кога дознал дека му се заканува Алцхајмерова болест, признал дека најмногу се плаши од можноста еден ден да ги изгуби сеќавањата на луѓето и моментите кои му се најважни. „Ме плаши помислата дека нема да се сеќавам на животот што сум го живеел, на мојата сопруга и на моите деца“. Поради тоа почнал поинаку да гледа на работата и животните приоритети, а здравјето и времето поминато со најблиските – немаат цена.


„Семејството е центарот на мојот свет. Сфатив дека градот ме гуши и сакам моите деца да живеат надвор од сето тоа, далеку од хаосот на филмската индустрија. Сметам дека животот во природа, на голем ранч и на свеж воздух со поглед кон морето, е многу поздрав за нас. Едноставно, таму сме посреќни“, рекол Крис Хемсворт во една прилика.

Ако не го затекнете дома, ќе го најдете на даската за сурфање. А ако не ги скротува брановите, тогаш со децата лета змејови на плажа. А ако му се придружи и згодната сопруга, ете им можност на папараците за совршен улов!