[ФОТО] Царинските службеници пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан се криеле меѓу кутиите во камион

Макфакс

13/08/2026

11:42

188

Големина на фонт

а а а

Царинските службеници од Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан кои се криеле помеѓу кутиите во камион што превезувал стока од Кина. Ова е четврти ваков случај во последните месеци, што покажува активна заштита на границите од страна на Царинската управа.

Царински службеници пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан

Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење.


Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите.“

Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на Царинската управа во заштита на државата. Мигрантите се предадени на Министерството за внатрешни работи.