Нестварна ситуација во Шпанија: Арбелоа доби црвен картон, играчите го следеа и одбија да шутираат пенали

Дерби

13/08/2026

10:53

199

Големина на фонт

а а а

Пријателските натпревари во овој период од месец август се всушност последни контролки пред она најважното што следи, па во таква ситуација, постои и одредена тензија на дел од средбите кои играчите веќе ги сфаќаат и малку посериозно.

Најдобар доказ за тоа е вчерашниот тест натпревар меѓу Малага и Фулам во Шпанија, на кој присутните гледачи на „Ла Росаледа“ беа сведоци и на бизарни сцени.

Откако натпреварот заврши 2:2 во регуларниот дел, Алваро Арбелоа се жалеше за една судиска одлука и заработи директен црвен картон, а водејќи се по него, кон соблекувалната се упатија и фудбалерите на Фулам.

Англичаните одбија да шутираат пенали и не учевствуваа во пенал рулетот, а тоа ги натера фудбалерите на Малага да шутираат на празен гол и да се радуваат со своите навивачи како да победиле.

Овој натпревар се случи на два дена пред стартот на новата сезона во Шпанија, додека во Англија новата натпреварувачка сезона ќе стартува на 21-ви август.