Во општина Центар денеска ќе има прекин во водоснабдувањето поради поврзување на нова водоводна мрежа на улицата Мирослав Крлежа.
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-100 мм на улицата Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите.








