Ерупцијата на вулканот Етна предизвика големи нарушувања во воздушниот сообраќај во Сицилија, откажувајќи стотици летови и предизвикувајќи пренасочување на авиони кон други аеродроми.
Новата ерупција на вулканот Етна предизвика големи проблеми во воздушниот сообраќај на Сицилија, особено на аеродромот во Катанија.
Од 8 до 11 август биле откажани околу 700 пристигнувачки и поаѓачки летови, а за денеска се очекува откажување на уште 52. Повеќе од 250 авиони биле пренасочени кон други сицилијански аеродроми.
Поради вулканскиот пепел, аеродромот во Катанија ги прекина сите полетувања и слетувања до утре во 16 часот. Од управата ги повикаа патниците претходно да го проверат статусот на својот лет со авиокомпанијата.
Етна од петокот исфрла големи количества пепел, врело камење и лава. Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, лава истекува од два отвора, а се отворил и нов отвор на височина од околу 1.900 метри.








