АХВ најостро демантира информации дека водата од скопскиот водовод е небезбедна поради бактеријата Escherichia coli и информира дека нема забрана за нејзина употреба, потврдувајќи дека водата е безбедна за пиење.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен систем е небезбедна за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli.
„Како одговорна институција ја информираме јавноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатие за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна законска обврска, врз основа на кое би била донесена и забрана за нејзина употреба.
Граѓаните не треба да стравуваат. Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба“, велат од АХВ.








