Опозицијата ВМРО-ДПМНЕ ја критикува СДС и министерот Венко Филипче околу нивните обвинувања за одморите на премиерот Мицкоски, поставувајќи прашања за локацијата на Филипче во одморот и поврзаноста со други политички фигури.
Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.
„Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко како министер не реагирал и мува не го лазело. Но кога сме кај одморите чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче на одмор? Под А. Венко е на одмор на јахтата на Зоран Заев купена со украдени пари закотвена на Егејското Море. Под Б. Венко е на одмор со Вице Заев во Бугарија, патем да извадат украдени пари од РЕК префрлани на фирмата на Колашинац?“, велат од партијата.








