Возач удрил во малолетник со тротинет и избегал, детето со тешки повреди пренесено во болница

Макфакс

11/08/2026

14:00

145

Големина на фонт

а а а

Во Скопје возач со автомобил удрил во малолетник на тротинет и избегал од местото на несреќата, при што детето се здобило со тешки повреди и било пренесено во болница. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот.

Возач со автомобил удрил во малолетник со тротинет и избегал, детето со тешки повреди пренесено во болница.

Вчера во 16:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул."Адем Демачи" во Скопје, патничко возило удрило во 16-годишен малолетник од Скопје, кој туркал електричен тротинет, по што возилото го напуштило местото.

Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на возилото и возачот, велат од МВР.