Сончево време со температура до 40 степени

Макфакс

10/08/2026

07:46

157

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со температури кои на некои места ќе достигнат до 40 степени, со можност за краткотраен пороен дожд и грмежи попладне.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи