Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Макфакс

09/08/2026

19:40

117

Големина на фонт

а а а

Во Ресенско вчера рано утринава се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 44-годишен мотоциклист од селото Љубојно, кој изгуби контрола и излета од патот во близина на Брајчино.

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена денеска (9 август) во 05:45 часот во СВР Битола. В.Т. (44), управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, на влезот од селото Брајчино изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на самото место, а лекар од Итната медицинска помош само констатирал смрт.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.