Пронајдена почината 45-годишна жена во стан во Карпош

Макфакс

09/08/2026

18:40

95

Големина на фонт

а а а

Во скопската населба Карпош синоќа е пронајдена почината 45-годишна жена, а причините за смртта ќе се утврдуваат преку обдукција по наредба на јавен обвинител.

Четириесет и петгодишна скопјанка синоќа била пронајдена почината во стан во скопската населба Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот извештај, случајот бил пријавен вчеравечер (8 август) во 20:30 часот во СВР Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош на местото на настанот констатирал смрт кај Е.Д. (45) од Скопје.

По насоки на дежурен јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.