Огромното украинско знаме од центарот на Приштина отстрането по посетата на Зеленски на Србија

Макфакс

09/08/2026

18:32

160

Големина на фонт

а а а

Огромното знаме на Украина кое стоеше во центарот на Приштина е демонстративно отстрането поради револтот во врска со посетата на украинскиот претседател Зеленски на Србија, а градоначалникот на Приштина нагласува дека градот одговара кога не се почитува Косово.

Огромното знаме на Украина, кое од почетокот на војната стоеше на фасада на зграда во центарот на Приштина, денеска демонстративно е отстрането поради гневот на Албанците предизвикан од посетата на украинскиот лидер, Володимир Зеленски на Србија.

По тој повод се огласи и градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама, порачувајќи дека, кога Косово не се почитува, Приштина одговара на ист начин.

Отстранувањето на украинското знаме од центарот на градот следуваше еден ден по посетата на Зеленски на Србија, од каде што тој порача дека ставот на Киев за непризнавање на Косово останува непроменет.