Дел од корисниците во општина Центар ќе останат без вода утре поради уличен дефект на улицата Рајко Жинзифов, со прекин кој ќе трае до отстранување на дефектот.
На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
-Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. Рајко Жинзифов бр. 32, во периодот од 08.00 часот до одстранување на дефектот без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од улиците Рајко Жинзифов, Владимир Полежиновски, Стефан Јакимов – Дедов и Борка Талевски (о. Центар).






