Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промовира како иднина на Македонија

Макфакс

09/08/2026

12:08

149

Големина на фонт

а а а

Во својата изјава, Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, ја критикува актуелната власт и го изразува незадоволството од луѓето кои, според него, ја претставуваат иднината на Македонија ако сегашните политички сили останат на власт.

Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промоВира како иднина на Македонија ако дојде на власт, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДС“, рече тој.

 

Додаде дека никој не одговара или, пак, е само условно осуден, затоа што, како што кажа, обвинителско-судскиот систем го држат Заеви и Филипче.

„Ваквите луѓе не можат и не смеат да бидат иднината на Македонија. Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена“, рече Манасиевски.