Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон на последниот фестивалски ден на „Дрим Шорт“

Макфакс

09/08/2026

11:50

157

Големина на фонт

а а а

Статија за програмата и распоредот на последниот ден од 10. издание на фестивалот Дрим Шорт, со акцент на проекцијата на документарниот филм „Колку чини водата?“ и придружниот еко-хакатон.

Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 17 часот во Europe House Struga со проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани.

Денеска е последен ден за Специјалната ВР програма во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“.

Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за последниот фестивалски ден:

Програма за 9 август (недела)

Локација: Europe House Struga

17:00 – Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани

19:00 – Проекции на вториот дел од студентската натпреварувачка програма

Grandpa’s Fur, режија: Teodor Stoilov, Nellie Rajala

Rage, режија: Fran Moreno Blanco, Santi Pujol Amat

Ends and beginnings, режија: Klaudia Fortuniak

Локација: Парк на поезија

20:30 – Проекции на мешана натпреварувачка програма

Меѓународна програма

Eraserhead in a Knitted Shopping Bag, режија: Lili Koss

Регионална програма SOS, режија: Anita Morina

Специјална програма „Соочување со минатото“ Intersecting Memory, режија: Shayma’ Awawdeh

Национална програма Christmas Lights, режија: Gjorgji Lazov

По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори.

По филмската програма следува доделувањето на наградите за ова 10-то јубилејно издание на фестивалот.

Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk).

Влезот за сите настани е бесплатен.