Велешанец ја нападнал партнерката во домот и ѝ се заканувал со остар предмет

Макфакс

08/08/2026

14:40

160

Големина на фонт

а а а

Во Велес на 7 август, маж е уапсен по пријава дека физички ја нападнал својата партнерка и ѝ се заканувал со остар предмет. Предметот е одземен, а случајот е пријавен во јавниот обвинител.

На 7 август во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.К.(40) од село во велешко, по пријава дека во домот физички ја нападнал својата 29-годишна вонбрачна партнерка и ѝ упатувал закани со остар предмет.

Предметот бил пронајден и одземен, а Х.К. бил задржан во полициска станица.

За случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.