Многумина го паметат по улогата на харизматичниот и духовит евнух во серијата „Сулејман Величествениот“, а актерот приватно изгледа сосема поинаку и му се восхитуваат многу дами.
Селим Бајрактар во серијата „Сулејман Величествениот“ го толкуваше ликот на Зумбул-ага. Иако било планирано оваа улога да биде епизодна – тој остана во серијата до крајот.

Пред да глуми во „Сулејман Величествениот“, Бајрактар не бил толку познат и претежно играл во театар.
Тој денес има 51 година и изгледа значително поинаку отколку во периодот кога го глумеше Зумбул-ага. Актерот има подолга проседа коса, брада и извајани мускули.
Во врска е со колешката Емел Каракосе и зборува неколку јазици.
Селим Бајрактар имал многу тешко детство. Во текот на последните години од Иранско-ирачката војна, неговото семејство го напуштило Ирак и илегално преминало во Турција за да избегне негово присилно регрутирање во војска. По пристигнувањето во Турција, завршил студии по глума, а потоа се вработил во турскиот државен театар.
Улогата што го прослави
Најголема популарност стекна како Зумбул-ага, главниот евнух во харемот на палатата Топкапи. Интересно е што овој лик првично бил замислен да се појави само во неколку епизоди, но поради огромната популарност меѓу публиката остана еден од главните ликови сè до крајот на серијата.








