Денеска без струја делови од општините Бутел и Гази Баба

Макфакс

07/08/2026

07:03

208

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија известува за привремено исклучување на електрична енергија денеска во одредени делови од општините Бутел и Гази Баба, со наведени временски периоди и опфатени населени места.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– Во периодот од 06.00 до 10.00 корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери, општина Гази Баба;

– Во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците од село Булачани, општини Бутел и Гази Баба.