Жена од Струмица ја истепала поранешната снаа

Макфакс

06/08/2026

15:00

217

Големина на фонт

а а а

Во Струмица, 58-годишна жена е уапсена по пријава дека ја нападнала поранешната сопруга на нејзиниот син, при што случајот е пријавен до јавниот обвинител и ќе следи поднесок.

Вчера во 18:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 58-годишната Н.А. од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 05.08.2026 околу 18:10 часот во нејзиното дворно место физички нападнала 37-годишна поранешна сопруга на нејзиниот син.

Таа била задржана во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.