За време на отсуството од затворот Идризово ја истепал поранешната девојка: Уапсен 26-годишник од Скопје

Макфакс

06/08/2026

14:20

157

Големина на фонт

а а а

Во Охрид е уапсен 26-годишник од Скопје кој за време на дозволено отсуство од затворот Идризово физички ја нападнал својата поранешна девојка. По завршување на истрагата ќе следи официјална пријава.

Вчера во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 26-годишниот Р.С. од Скопје. Тој, за време додека користел отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена содветна пријава.