Редовно одржување на фонтаните во Карпош

Макфакс

06/08/2026

12:11

142

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош спроведе редовни активности за одржување и реконструкција на фонтаните во својата територија со цел обезбедување нивна безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона и подобрување на јавните простори.

Општина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона.

Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“, извести Општината.

„Во изминатиот период беа реализирани повеќе интервенции на системите на фонтаните, при што беа извршени замена и сервисирање на прскалки, пумпи, како и делови од системите за филтрација и циркулација на водата.

Дополнително, извршена е проверка и оптимизација на работата на инсталациите, со цел подобрување на нивната функционалност, ефикасност и сигурност.

Со реализираните активности, Општина Карпош обезбедува квалитетно функционирање на фонтаните, подобар изглед на јавните простори и продолжување на работниот век на опремата преку навремено одржување и превентивно делување“, се наведува во соопштението од Општина Карпош.